Денес во пријателска посета на нашата гимназија беа професори од „Пожаревачка гимназија‟ – Пожаревац, Р Србија. Гостите се запознаа со историјатот на нашето училиште и беа воодушевени од архитектурата на охридската гимназија . Посебно ги воодушеви фактот дека се учи во автентичната зграда изградена во минатиот век и фактот дека е заштитен споменик на културата. Директорката на „Пожаревачка гимназија‟, Даниела Жуковски упати покана за возвратна посета на нивната гимназија по повод 160 – годишен јубилеј од постоењето на гимназијата. Исто така се поттикна иницијатива за соработка меѓу двете гимназии.
Гимназија Охрид