АктуелноОхрид

Утре повторно видео-проекција со Библиски настани

Благочестиви и Богољубиви дечиња.
На ден 22.07.2022 година Петок во 20.30 часот овој пат поради помала бучава од автомобилите на патот до црквата Св Петка се селиме во дворот од Црквата Св.Никола каде што продолжуваме преку видео-проекција со проучување на Библиските настани.Тема: Животот на младите според Светото Писмо.
Интересот кај најмладите е се поголем,затоа апелирам до сите родители пуштете ги вашите деца кои до сега од било какви причини не биле во можност да присуствуваат,дојдете,видете и самите донесете заклучок околу нашите активности.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.