АктуелноОхрид

Жител од Опеница украл паричник во маркет

На 18.07.2022 година во 17.15 часот во СВР Охрид лишен од слобода е 25 годишен жител од охридското село Опеница, кој претходно во маркет во Охрид украл паричник од едно лице. При извршен преглед, полициските службеници го пронашле паричникот, кој заедно со купените производи се одземени. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид
фото: Архива