АктуелноОхрид

Приведени четири лица од Охрид, поради тепачка на Кеј Македонија

На 02.07.2022 година во 00,40 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од Охрид  на воздраст двајца од 20  и еден од 22 години, бидејќи претходно, на Кеј „Македонија“ го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. При преземање на службени дејствија со цел расчистивање на нарушувањето, полициските службеници биле спречувани од 23 годишно лице од Охрид поради што, тој е приведен и лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

 

извор: СВР Охрид

фото: Архива