Штрајкот во Охрид започна успешно, во некои училишта се одржани само 1-2 часа, инаку настава во училиштата не се одржува, информира Катерина Крстеска, претседател на Регионален огранок на СОНК во Охрид.
Во градинките штрајкуваат над 60% од вработените, преостанатите повеќето се административно-технички персонал и не го поддржале штрајкот. Од штрајкувачите во градинка само две вработени се од техничкиот персонал, а сите други се од водпитниот кадар, објави ОхридПрес.
Околу 10% од вработените во образованието не го поддржале штрајкот, тоа се лица со нерешен статус, што се со договор на дело и немаат по кој основ да се приклучат, а дел од нив сакале да се штрајкуваат, додава Крстеска.
Потенцира дека нема притисоци врз вработените, а меѓу штрајкувачите има и поддржувачи што не се членови на СОНК или во некој друг синдикат.
– Настава во основните и средните училишта, освен во некои каде се одржале 1-2 часа, не се одржува. Во градинка од понеделникот им беа поделени изјави дека солидарно го поддржуваат штрајкот, во четвртокот ги доставивме кај директорот, а веќе во петокот добивме од дел од нив противизјави, дека ќе работат, значи првично прифатија да штрајкуваат, а потоа се откажаа, од кои причини конкретно не знаеме, рече Крстеска.
Дека штрајкот се спроведува потврди и Димче Донески претседател на синдикална организација во ОУ Ванчо Николески во село Лескоец. Тој порача сериозно да се сфати конкретната општествена состојба во која се наоѓаат и Владата час поскоро да направи од учителите уште поголеми мотиватори на децата.
Синидикалците велат дека ќе штрајкуваат до исполнување на барањата донесени со одлука на СОНК, а тое се да се изедачи платата по сите коефинциенти, по сите профили на работни места за онолку колку што се зголеми минималната плата или околу 18,4 % по сите работни места и до јануари 2024 да има исплата по колективен договор, по коефицеинтите како што е предвидено.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес