сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Програмата Бреинобреин збогатена со нови едукативни содржини

Интернационалната програма Бреинобреин која веќе 12 години се имплементира во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид применува проверени и признаени едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика (МА) кои го поттикнуваат мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст за стекнување, развивање и потврдување на способностите за концентрација, фотографска меморија, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
🧑‍🏫Креативните и професионални тренери на Бреинобреин програмата, му даваат посебен белег на Центарот БОБ-Црвен крст Охрид кој се истакнува и со користење на бројни едукативни содржини кои го развиваат спортскиот дух, хуманоста и логичкото мислење кај децата и придонесуваат за меѓусебно дружење и разонода.
🧩🎲🃏Збогатен со нови едукативни содржини и разновидни друштвени игри, сложувалки, меморија, судоку, танграми, таблички, нашиот центар обезбедува единствен и пријатен амбиент за децата кои ја следат Бреинобреин програмата. Со доаѓањето на пролетта и убавото време, не’ очекуваат бројни спортски активности и настани со хуманитарен карактер во кои покрај децата, ќе бидат вклучени и родителите.
-информираат од Црвен крст Охрид.