недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Феноменот со „Лев Тахор“ кај нас е предизвик и за институциите и за граѓаните

За NEWS1 пишува етнологот, универзитетски професор, и директор на центарот за напредни истражувања Рубин Земон.

Деновиве јавноста во нашата земја е прилично вознемирена околу престојот на фундаменталистичката и ортодоскна јудеистичка група „Лев Тахор“ во нашата земја, која вели дека кај нас престојува туристички! Како носители на пасоши од САД и Канада, странците имаат право на легален престој кај нас до 90 дена од туристички причини, а нашата земја како потписник на многу меѓународни документи за заштита на човековите права, со што им се гарантира нивната слобода на вероисповест и слодоба на движење, се покажува како „гостопримлива земја“.

Меѓутоа, гледаме како и многупати до сега, дека нашата легислатива и правен систем не секогаш соодејствува со реалноста на терен и свеста на граѓаните. Меѓународните документи и страндарди се прифаќани само на хартија, без за тоа да има соодветна едукација на населението. Кон странците од религиозната група „Лев Тахор“, во Куманово, Скопје, а сега и во Охрид се покажува голема доза на религиозна и расна нетрплерливост, како и ксенофобија. Вакви изливи на ксенофобија, за жал кај нас се видоа и за време на бегалската криза 2015/2016 година, а уште ни се свежи оние видео снимки од Скопје, на почетокот на Ковид пандемијата, кога еден „наш“ сограѓанин ги „бркаше“ странците велејќи им „врати те се во Кина, за да не нé заразите“, за кои се воспостави дека биде Корејанци…

Изливите на ксенофобија и религиозна т.е. расна нетрпреливост пред се е последица на незнаење и прерасуди. А се разбира и на стравот од непознатото. Овој феномен што се појавува со „Лев Тахор“ кај луѓето се последица на колективна (локална или национална) цивилизациска заостанатост, ограничени сознанија, „затворени умови“, немање на чувство за коегистенција на диверзитетот (различност) во локална средина. Незнаењето не оправдува, а со тоа и ваквите изливи на ксенофобија и нетрперливост, во никој случај не смеат да бидат поттикувани и подржувани и за поздравување е тоа што веќе државата реагира со санкцинирање на говорот на омраза кон овие луѓе.

Сепак, овде не треба да се застане! Мене лично ме вознемира тоа, што гледам многу деца од оваа група, не одат на училиште! Ние како држава имаме обврска за овие деца додека престојуваат кај нас, да им организираме некаква си настава. Мислам дека тука веќе затајуваат институциите, а и цивилниот сектор за заштита на правата на децата. Државниот просветен инспекторат мора веќе да реагира. Јасно е дека оваа група има намера да простојува до 90 дена, а можеби и повеќе кај нас. Во таков случај децата од „Лев Тахор“ мора да се внесат во нашиот образовен систем. Истото важи и за Центрите за социјални грижи. Република Северна Македонија не можи да биде прибежиште за групи на луѓе што сакаат да живеат во услови од Стариот и Средниот век. Мора да се преиспита од страна на нашите институции дали во нивниот општествен и сеемеен живот навистина се практикува семејно и детско насилство, поттикнување на малотенички бракови и сите кажувања, па и изјави од самите членови на оваа група за начинот на нивното живеење.

Како и да е доаѓањето и престојот на членовите на Лев Тахор кај нас, е предизвик за нашето општетсво, институиции и организации, како и испит за нашите капацитети за менаџирање на современите глобални процеси, предизвикани од миграциите и правото на слободно движење и престој.