АктуелноОхрид

Намалено заматувањето на водата во Струга, забраната за пиење сè уште останува на сила

Најновите анализи на примероците од водата во Струга покажуваат дека нивото на заматеност е во границите на нормалните вредности. Сепак, забраната за употреба на водата за пиење сè уште останува на сила, бидејќи е потребно ваквите резултати да се потврдат четири пати последователно.

Според резултатите од анализите на примероците земени на 20 ноември 2026 година, измерените вредности на заматеност се во дозволените граници на сите контролирани локации.

Резултатите се следни:

  • Општа болница – 1.49 NTU
  • Детска градинка „Сонце“ – 1.50 NTU
  • Завод за нефрологија – 1.36 NTU
  • село Враништа – 1.48 NTU

Надлежните информираат дека водата во овој момент може да се користи за други потреби, но не и за пиење, сè додека не бидат исполнети условите за укинување на забраната.

За таа цел, потребно е уште четири пати по ред да се добијат резултати кои ќе потврдат дека квалитетот на водата е во рамките на пропишаните вредности.

Граѓаните ќе бидат дополнително информирани за евентуалните промени по добивањето на следните резултати од испитувањата.