АктуелноОхрид

Одлични резултати на ПК „Струга“ на Меморијалниот пливачки митинг „Кире Ѓоргон“ 2026

Младите пливачи на Пливачкиот клуб „Струга“ остварија забележителни резултати на Меморијалниот пливачки митинг „Кире Ѓоргон“ 2026, кој викендов се одржа на пливачкиот базен во Струга.

Струшките пливачи настапија во повеќе дисциплини и возрасни категории, покажувајќи борбеност, посветеност и спортски дух, а со освоените високи пласмани уште еднаш го потврдија потенцијалот на младите пливачки таленти од градот.

Најуспешни настапи имаше во дисциплината 50 метри слободно, каде што првите места во своите категории ги освоија Ангела Филева и Сара Филева. Во истата дисциплина втори места освоија Бојана Костоска и Максим Тодороски.

Во дисциплината 50 метри грбно, златни медали освоија Сара Филева и Максим Тодороски, додека Анисија Паскоска, Елиф Јуртцевен, Матеј Јолдески и Саво Ристоски се пласираа на третото место. Ангела Филева освои бронзен медал, а Анисија Паскоска сребрен.

Одлични резултати беа постигнати и во дисциплината 50 метри градно. Првите места ги освоија Анисија Паскоска, Антонија Чакар, Деспина Чакар и Бобан Филев, додека Мартин Цветкоски се пласираше на третото место.

Во дисциплината 50 метри делфин, втори места освоија Ангела Филева и Бојана Костоска, додека Гулмихал Јуртцевен и Илија Тодороски се закитија со бронзени одличја.

Во апсолутната категорија на 100 метри слободно, Бојана Костоска освои второ место, додека Сара Филева и Максим Тодороски се пласираа на третата позиција.

Од ПК „Струга“ упатија честитки до сите свои натпреварувачи за постигнатите резултати, а посебна благодарност изразија до тренерите за нивната посветеност, како и до родителите и публиката за поддршката од трибините.

Успешниот настап на меморијалниот митинг е уште една потврда за континуираната работа на клубот и развојот на младите пливачи, кои со своите резултати ја продолжуваат богатата пливачка традиција на Струга.