АктуелноОхрид

Цвеќе во чест на охридските борци

Градоначалникот на Охрид,  Кирил Пецаков   претпладнево  се поклони и положи цвеќе во Спомен паркот на револуционерите, а по повод  7 Ноември – Денот на ослободувањето на градов. Покрај општинската делегација која ја предводеше  тој, цвеќе положија и останати делегации на претставници од политичкиот и јавниот живот во градов.

По повод празникот, вчера цвеќе беше положено и пред спомен обележјата  од НОБ кај Градски гробишта, во паркот пред Основниот Суд и во дворот  на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.