Со голема тага и почит, академската заедница на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се простува од проф. д-р Симона Мартиноска, професорка и научник која со својата долгогодишна работа остави значаен белег во високото образование и научната дејност.
Во емотивното соопштение, од Факултетот ја истакнуваат нејзината професионалност, посветеност и придонес во образовниот процес, како и влијанието што го имала врз бројни генерации студенти.
Колегите ја паметат не само како истакнат академски работник, туку и како личност со исклучителна човечност, добрина и колегијалност, која со своето присуство ги збогатувала заедничките професионални и лични моменти.
„Вашето отсуство ќе се чувствува, но Вашиот придонес и споменот за Вас ќе продолжат да живеат меѓу колегите, студентите и сите што имаа чест да Ве познаваат“, порачуваат од Факултетот, упатувајќи искрено сочувство до семејството и најблиските.

















