На 05.11.2026 година во 15.45 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, лишен од слобода е лице на (45) од струшкото село Калишта.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека против него изречена е активна забрана за управување со моторно возило од ,,Б“ категорија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















