Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ директорката Христина Трпеска и
нејзината колешка, директорката на Градската библиотека „Благој Јанков Мучето“
од Струмица, Васка Кирова, потпишаа меморандум за соработка.
Со меморандумот се уредуваат начелата и намерите за соработка меѓу двете
библиотеки во областа на промовирањето на културата, развојот на уметноста,
младинските активности, издаваштвото и сродните области.
Целта е двете библиотеки и нивните вработени да разменуваат искуства и да
имаат заеднички активности за промоција на културата и уметноста во земјава и
надвор од неа.
Двете библиотеки ќе ги поддржуваат новите автори, читањето и креативното
пишување.
Меморандумот опфаќа и заедничка организација на настани, трибини,
работилници и изложби, со вклучување лица од различни категории, со цел нивна
постепена инклузија.
Предвидени се и активности за промоција на културното наследство и зачувување
на нематеријалното културно богатство.
Двете институции се надеваат дека оваа соработка ќе резултира со заеднички
иницијативи, аплицирање за фондови, унапредување на културниот живот и
зголемено учество на граѓаните, особено младите, во културните и општествените
процеси.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид
Редакцијаноември 3, 2026
posted on














