Паднато дрво на крак од улицата „Јонче Чулчоски“ во Лескоец целосно го блокира движењето на возилата.

Поради блокадата, дел од жителите не можат да заминат со своите возила и доцнат на работа.

Засега нема информации за причините за падот на дрвото, ниту кога ќе биде отстрането и ќе се нормализира сообраќајот.

















