Младиот и талентиран Јон Ѓорѓиевски освои прва награда во категоријата експериментален филм на јубилејното 55. издание на Државниот фестивал за непрофесионален, односно аматерски филм на Македонија – 55-ДФНФ 2026.
Наградата ја доби за својот авторски проект „Во спектарот (музика)“, краток визуелен филм во кој приказната се пренесува без дијалог, а музиката е главниот носител на емоцијата и уметничкиот израз.
Посебна вредност на филмот е тоа што музиката е целосно авторско дело на Ѓорѓиевски, кој самостојно ја компонирал, снимил и продуцирал. Со тоа, младиот автор покажува креативност и посветеност, обединувајќи ги визуелната уметност и музиката во оригинално филмско остварување.
Успехот на Јон претставува признание за неговиот талент и творечки потенцијал, но и повод за гордост на неговото училиште.
Му честитаме за освоената награда и му посакуваме уште многу успеси и нови креативни остварувања во светот на филмот и уметноста!

















