АктуелноОхрид

Успешно реализирана симулациска вежба за евакуација во ООУ „Христо Узунов“ – Охрид

Во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид успешно беше реализирана симулациска вежба со цел практично запознавање на учениците и училишниот персонал со мерките за безбедно постапување и евакуација во случај на земјотрес или пожар.

Преку ваквите активности, учениците и вработените имаат можност практично да се запознаат со потребните процедури, правилното реагирање во вонредни ситуации и значењето на навремената и организирана евакуација.

Вежбата претставува важен чекор во подигнувањето на свеста за безбедноста во училиштата, како и во подготовката на учениците и персоналот за соодветно постапување во непредвидени ситуации.

Редовното спроведување на вакви активности придонесува за развивање на безбедносни навики и создавање побезбедна училишна средина за сите.