Вечерва во Охрид се одржа изборна конференција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на која беше избрано новото раководство на Општинската организација.
На конференцијата присуствуваа генералниот секретар на Движењето, Горан Минчев, членот на Извршниот одбор, Виктор Јовановски, и портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.
За нова претседателка на Општинската организација во Охрид е избрана м-р Марина Ѓоргоска, додека функцијата секретарка ќе ја извршува м-р Елена Ристеска. На конференцијата беа избрани и членовите на новите Извршен и Надзорен одбор.
Од Движењето истакнуваат дека со изборот на новото раководство продолжуваат со развојот на организациската структура во Охрид, проширувањето на поддршката и зајакнувањето на политичкото дејствување во интерес на граѓаните.
Со јасна визија, одговорност и посветеност, ЗНАМ најавува продолжување на активностите насочени кон остварување на своите политички цели и градење посилна организација на локално ниво.
На новоизбраното раководство и на членовите на одборите им беа упатени честитки, со желби за успешна работа, единство и истрајност во остварувањето на заедничките цели, за посилно ЗНАМ и подобра иднина за Охрид и Македонија.



















