Со многу насмевки, радост и возбуда, во ПОУ „Дедо Лазор Циркоски“ во Враништа свечено беше одбележан приемот на новата генерација првачиња, кои го започнуваат своето образовно патување.
За најмладите ученици, првиот училишен ден претставува ново поглавје исполнето со нови знаења, дружење, игра и создавање пријателства. Училишните клупи отсега ќе бидат место каде што ќе ги откриваат своите способности, ќе ги развиваат љубопитноста и креативноста и ќе ги направат првите чекори кон нови животни успеси.
Од училиштето на првачињата им посакаа среќен, успешен и незаборавен почеток, исполнет со радост, детски насмевки и многу научени лекции, упатувајќи благодарност и до родителите за укажаната доверба.
Со свечениот прием, за најмладите ученици започнува една од најзначајните авантури во детството – патувањето низ светот на знаењето, образованието и пријателството.


















