АктуелноОхрид

Лице од Враништа предизвикал пожар на отворен простор во атарот на село Ложани

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (62) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.

Тој, на 25.08.2026 со потпалување на сува трева и грмушки предизвикал пожар на отворен простор во атарот на струшкото село Ложани.

По преземени мерки, полициските службеници го приведоа и лишија од слобода.