АктуелноОхрид

Пронајдени и одземени парчиња муниција и марихуана при претрес во дом на 27-годишно лице од струшко Подгорци

ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (27) од струшкото село Подгорци  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 174  парчиња муниција различен калибар кои нелегално ги поседувал и две пакувања со марихуана.