АктуелноОхрид

При претрес во дом на лице од Прилеп со привремен престој во Охрид затекнат малолетник од Битола како користи марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (27) од охридското село Косел и  лице на (28) од Прилеп, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а лицето  сторил и кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

 

При претрес во домот на второпријавениот, извршен на 10.09.2026 со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе пакувања со марихуана и кокаин, кои ги набавил од првопријавениот и ги препакувал за натамошна продажба.

 

При претресот, во домот на второпријавениот, затекнат е малолетник од Битола на кој му овозможил да користи марихуана.

 

Пријавените веднаш беа лишени од слобода, а со малолетникот, во присуство на неговите родители и претставници од Центарот за социјални работи се извршени разговори, по што ќе следува соодветен поднесок.