АктуелноОхрид

72-годишно лице од Полска управувајќи четирицикл во близина на с. Куратица изгубил контрола и паднал, итно пренесен во охридската болница

На 06.09.2026 во 16:05 часот,  М.Л.Ц.(72) од Полска, управувајќи четирицикл на земјен некатегоризиран пат во близина на охридското село Куратица, изгубил контрола и паднал.

 

Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.