АктуелноОхрид

Реализирана акцијата за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град

Согласно пропишаната динамика на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад од Календарот за 2026 год,, на ден 04.09.2026 год успешно е реализирана акцијата во У.З.1 Стар Град, од каде се подигнати 21 м3 кабаст и зелен отпад
‼️ Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на јавното претпријатие, кабастиот и зелениот отпад уредно да го оставаат на места достапни за нашите возила, најкасно до 07:00 часот на денот кога се реализира акцијата
📍 Секое депонирање на отпадот после 07:00 часот создава дополнителни проблеми во организацијата и оперативноста на нашите служби и специјалните возила