АктуелноОхрид

Среќна учебна година им посакаа на учениците градоначалникот Пецаков и претседателката Давкова

Посебна чест и радост ми беше што утрово, заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сашо Донев, присуствував на свечениот прием на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“.
Драги првачиња, пред вас е едно ново и убаво поглавје исполнето со нови знаења, другарства и незаборавни училишни спомени. Бидете љубопитни, вредни, насмеани и верувајте во себе.
На сите ученици од нашата општина им посакувам успешна, исполнета и среќна учебна година, со многу знаење, успеси и убави моменти. На родителите им посакувам трпение и радост во следењето на секој чекор и секој успех на нивните деца, а на наставниците им благодарам за нивната посветеност и одговорност.
Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да вложува во образованието и во создавањето подобри услови за сите наши ученици.
Среќен почеток на новата учебна година!