АктуелноОхрид

Јован Кутаноски утре ќе плива на релација Радожда-Струга – Радожда по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Јован Кутаноски утре ќе плива на релација Радожда – Струга по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

 

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, утре познатиот пливач Јован Кутаноски ќе реализира уште еден спортски предизвик во водите на Охридското Езеро.

 

Кутаноски ќе плива на релација Радожда – Струга, со што ќе одбележи уште еден значаен празник преку спорт и пливање во езерските води.

 

Оваа релација претставува убав спортски предизвик, но и симболично поврзување на Радожда и Струга, во чест на празникот посветен на Пресвета Богородица.

 

Пливањето ќе биде реализирано утре, на празничниот ден, а љубителите на спортот и сите присутни ќе имаат можност да го проследат овој несекојдневен подвиг на Кутаноски.