АктуелноОхрид

Пожар на депонијата Буково – екипи на терен

Во утринските часови избувна пожар на депонијата „Буково“, на дел од депонијата кој подолг временски период не се користи, односно на кој во подолг период не е депониран отпад.
✔️ Екипите на ЈП„Охридски Комуналец“, заедно со екипите на Противпожарната единица – Охрид, веднаш излегоа на терен и активно работат на локализирање на пожарот.
✔️ Се врши пресек и создавање заштитна линија со цел да се спречи неговото понатамошно ширење.
ℹ️ Во тековната 2026 година, на депонијата „Буково“ досега се однесени и депонирани над 8.000 м³ земја, со цел прекривање и стабилизирање на делови од депонијата, како и намалување на можноста за појава и ширење на пожари.
✔️ Во моментов состојбата се следи континуирано, а екипите остануваат на терен сè до целосно ставање на пожарот под контрола.
✔️ Во однос на причините за избувнувањето на пожарот, засега не се исклучува можноста истиот да е намерно подметнат. Причината за пожарот ќе биде утврдена од страна на надлежните институции по спроведување на соодветна постапка.
✔️ ЈП „Охридски Комуналец“ останува целосно ангажирано и во координација со надлежните служби за спречување на ширење на пожарот и заштита на околината.