АктуелноОхрид

Оваа учебна година, Гимназијата ќе ги пречека учениците во обновени простории

Нова учебна година, нов почеток и обновен дом на знаењето.

Оваа година, на 1 септември, Гимназијата ќе ги пречека своите ученици во значително подобрени и обновени простории, како резултат на големата реконструкција на училиштето.

Во изминатиот период се реализираа низа значајни активности насочени кон создавање посовремени, побезбедни и поквалитетни услови за учење и работа. Уредени се училишниот двор и партерот, поставена е нова ограда, а реализирани се и активности поврзани со системот за греење, внатрешната и надворешната дограма и покривот.

Со реконструкцијата се создава современа училишна средина во која учениците ќе можат да учат, творат, истражуваат и да ги развиваат своите потенцијали во подобри услови.

Обновата на Гимназијата претставува значаен чекор кон создавање современо средно образование и уште една потврда дека вложувањето во младите и во нивното образование е вложување во иднината на Охрид.

Со особена радост ги очекуваме нашите ученици, а на оние кои за првпат ќе го поминат прагот на Гимназијата им посакуваме добредојде во нивниот нов “втор дом”.

Нова учебна година. Нови предизвици. Обновен простор. Истиот дух на Гимназијата.