АктуелноОхрид

Во текот на вчерашниот ден во вечерните часови ТППЕ Охрид – Пожарна пристапи кон гаснење на пожар на отворен простор во Стариот дел на Градот ( Месокастро )

Благодарение на брзата интервенција на нашите екипи спречено е проширување на истиот на околни објекти и паркирани возила, при што спречени се поголеми материјални последици.
👉 Согласно нашите планови за пп заштита на Охрид и Дебарца, Стариот дел на градот е од висок безбедносен ризик, со оглед на културното -историските споменици кои мора да ги сочуваме, автентичната збиена архитектура каде што имаме голем ризик од блоковски пожари. Како дополнителен проблем се тесните улички, паркирани возила итн..
🚨 Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да бидат општествено одговорни и совесни. Секое предизвикување на пожар ( намерно/ невнимание ) е кривично дело ! Над 95% од пожарите се предизвикани од човечки фактор.
🧑‍🚒 ТППЕ – Охрид секојдневно е активна на различен тип на интервенции ( немаме можност се да споделиме ) , и уште еднаш покажува и докажува дека е една од најекспедитивните и најпрофесионалните единици во Р.Македонија !