На 4 август, Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков го посети манастирот „Свети Наум“ во околина на Охрид.
Шефот на руската дипломатска мисија им подари на свештениците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија 49 тома од Православната енциклопедија како подарок од Балканскиот кабинет на Московската Теолошка Академија. Посетата уште еднаш ја потврди силата на духовните врски што ги поврзуваат црквите и народите на нашите земји.















