АктуелноОхрид

(ФОТО) Пред Илинден оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ со максимален ангажман за одржување на јавната хигиена и зеленило

Во духот на големиот православен празник Свети Илија, се одржуваат локациите каде ќе се реализира богатата празнична програма: с Рамне, Прентов Мост, с.Велгошти (речното корито, црквата Свети Илија и централниот дел), селата Плаќе и Елшани
✔️ Дежурните служби се присутни од раните утрински часови на сите фреквентни места во централното градско подрачје каде во шпицот на туристичката сезона, на разни локации во градот се одржуваат разни музички, културни и други збиднувања и се подигнуваат огромни количини ситен расфрлан отпад (лименки, пластични шишиња и др.)
✔️ Максимално се ангажирани и метачките во поширокото подрачје на општина Охрид
✔️ Динамиката за одржување на јавната чистота е на максимално ниво, со вонреден ангажман и посветена работа на нашите дежурни служби