АктуелноОхрид

Полициски службеници одржаа средби со месното население од Горно и Долно Лакочереј

Вчера (28.07.2026 година) полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, одржаа средби со месното население на охридските села Горно и Долно Лакочереј.

 

Целта е подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор, актуелизирање на потребата од доследна примена на општите мерки за заштита од пожар, за посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари при движење низ шумските појаси како и за казнените одредби по овие основи.

 

Низ непосредни интерактивни контакти со граѓаните на овие подрачја, беше укажано на потребата од зголемена внимателност при чистење на нивите и стрништата, воздржување од горење на смет и друг отпаден материјал заради поефикасна заштита од појава и проширување на пожари.

 

Посебно беше укажано на потребата од итно информирање на надлежните институции при забележан пожар на отворен простор. На присутните граѓани им беа поделени флаери со корисни тематски совети и насоки за постапување.