АктуелноОхрид

Денес се одбележуваат 22 години од големиот граѓански протест во Струга против новата територијална организација

На 22 јули 2004 година пред зградата на политичките партии каде се одвиваше состанок на ОО СДСМ на кој присуствуваше тогашниот висок функционер и министер за одбрана Владо Бучковски се одржа голем протест на кој околу 2000 граѓани на Струга го изразија своето незадоволство против новиот Закон за територјална организација со која четирите општини Лабуништа, Велешта, Луково и Струга се спојуваат во една.

Протестот заврши со интервенција на специјалната полиција при што беа повредени 30тина граѓани , 24 полицајци и еден претставник на мисијата „Проксима“ , оштетени и уништени беа седум моторни возила а зградата на политичките партии беше опожаренаи демолирана.

 

 

strugaonline.com