АктуелноОхрид

ТППЕ Охрид – Пожарна набави висококвалитетна заштитна лична опрема

Во текот на изминатиот период ТППЕ Охрид – Пожарна набави висококвалитетна заштитна лична опрема, нешто што за нас како пожарникари е од исклучително значење за обавување на секојдневните интервенции.
👉Набавена е комплетна заштитна лична опрема за интервенирање на структурни пожари за сите пожарникари во нашата единица. Личната заштитна опрема вклучува интервентни јакна и пантолони , шлем , светилка за шлем, подкапа, ракавици, пп чизми…Освен комплетната интервентна заштитна лична опрема за дејствување на структурни пожари, набавени се и високо квалитетни специјални маски за пожари на отворен простор….
👉 Набавката е реализирана Согласно годишниот план за Јавни набавки на ТППЕ – Општина Охрид и истата изнесува 4.763.211,60 денари.
👉Во поглед на планираните годишни набавки ТППЕ – Охрид упатува благодарност до надлежните за поддршката во реализација на потребните опремувања кои се од исклучително значење за безбедноста на нашите пожарникари, а со тоа и за наше поефикасно и посигурно делување како професионална единица која дејствува на територијата на Општина Охрид и Општина Дебрца Општина Охрид
👉 Благодарност и до компанијата Антиплам -Скопје која навремено и согласно правилниците за изглед и бараните стандарди ја испорача опремата..
🚨ХЕРОИТЕ НА ГРАДОТ – СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ