АктуелноОхрид

Забележана мечка над Горно Коњско – апел за зголемена внимателност

Надлежните информираат дека туристи забележале мечка во реонот над охридското село Горно Коњско, поради што се упатува апел до граѓаните за зголемена претпазливост.

Одговорните институции ги повикуваат жителите на околните населени места, туристите, планинарите, рекреативците и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во ова подрачје да бидат особено внимателни и да се придржуваат до препораките за безбедно движење во природа.

Воедно, се апелира до сите кои имаат контакт со локалното население или со лица кои работат и престојуваат во овој реон навремено да ја споделат информацијата, со цел да се избегнат несакани ситуации и да се зголеми безбедноста на сите посетители.

Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат самостојно движење низ шумските предели во овој реон, особено во раните утрински и вечерните часови, и доколку забележат мечка, да не се приближуваат, туку веднаш да ги известат надлежните служби.

Граѓаните се повикуваат на смиреност и одговорно однесување, како и на почитување на препораките сè додека трае зголемената претпазливост во овој дел од охридскиот регион.