СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (55) и лице на (32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека едното лице сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со другото лице сториле кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“.
На двајцата, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 08.07.2026 А.З. на второпријавениот и сега починатиот лице на (44) од Охрид, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид им продал кокаин, а потоа тие со патничко возило „ренџ ровер“ со чешки национални ознаки, управувано од лицето се упатиле кон булеварот „Туристичка“ во Охрид. Таму биле пресретнати од полициска патрола, при што лицето не го сопрел возилото на даден знак од полициските службеници туку избегал,а бил сопрен по дополнително преземени активности.
Притоа, полициските службеници во возилото го забележале лицето од Охрид кој проголтал паковка со дрога, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај укажаната лекарска помош, тој починал.
















