Широко-опфатни активности за одржување на јавната чистота и зеленило
Нашите дежурни екипи беа ангажирани за одржувањето на хигиената на највисоко ниво за време на одржувањето на второто издание на Ohrid Cocktail Festival, потоа за расчистување на манастирскиот комплекс Свети Наум по празнувањето на големиот светител и расчистување на Скејт паркот на пешачката патека до Горица, по манифестацијата која ја организира Културолошка иницијатива 5 до 12.














