АктуелноОхрид

Ликовна изложба на Тони Попов

Со финансиска поддршка на Општина Охрид синоќа во ЦК „Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Барајќи си дом“ од уметникот Тони Попов.

Со настанот  авторот одбележува значаен јубилеј – петнаесет самостојни претставувања пред публиката.

Изложбата која е дел од Годишната програма за култура на Општина Охрид ќе биде отворена за посетителите до 28 јуни.  Поставени  се четириесет дела изработени во маслена и акрилна техника. Изложбата е најнов авторски циклус во кој низ препознатлив ликовен израз се отвораат прашања поврзани со домот како простор на припадност, меморија и личен идентитет.