СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „бегство“.
На 13.05.2026, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои го лишиле од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ во близина на верски објект во Охрид.















