Денеска имав чест да присуствувам на пригодниот настан во Територијалната противпожарна единица во Охрид и лично да им го честитам празникот на луѓето кои секојдневно ја ставаат сопствената безбедност во служба на граѓаните.
Упатувам огромна благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и максимална посветеност во извршувањето на секоја работна задача.
Како Локална самоуправа, наш врвен приоритет останува континуираното инвестирање во оваа служба. Продолжуваме со подобрување на условите за работа во самата единица. Во рамки на настанот му врачив плаќета на најдобриот пожарникар, Темелко Колоски.
Охридската противпожарна единица денес важи за една од најекспедитивните и најдобри служби во државата, подготвена да реагира во секое време.
Момци, ви благодариме за сè што правите за Охрид! Нека ви е честит празникот и да имате што помалку интервенции!














