АктуелноОхрид

(ФОТО) Охридските пензионери блескаа на сцената на 24-та Ревија за музика, песна и игра „Вевчани 2026 година“

Регионалната пензионерска ревија на музика , песна и игра во организација на Сојузот на Здруженијата на Пензионерите од Македонија , чиј одличен домаќин беше ЗП „Матица Наша“ од Вевчани , се одржа на 19-ти Мај 2026г.

На ревијата учествуваа осумте пензионерски здруженија од осмиот регион на СЗПМ и тоа : ЗП Струга, ЗП Дебар и Центар Жупа, ЗП Кичево, ЗП Охрид и Дебрца, ЗП Гостивар, ЗП Лабуништа, ЗП Македонски Брод и ЗП „Матица Наша“ -Вевчани.

Учесниците на ревијата прикажаа интересна изворна музичка програма , со традиционални обичаи преку сценски прикази пред публиката во преполнетата сала во Домот за култура во Вевчани, со што го продолжуваат негувањето на изворниот мелос на задоволство на публиката која заедно пееше со нив.

Охридските пензионер членови на КУД „Далги“ се претставија со колаж на песни и ора што ги пееле и играле нашите предци и тоа песната „Оро се вие“, „Невестинското оро“, „Лакочерејското машко оро“ , и „Пајдушкото мешано оро“.Музичка придужба на сологајда Лазар Змејкоски , тапан Томе Ристески, кларинет Перо Бујароски, Миле Наумоски , хармоника Живко Митрески.

Од добиените аплаузи и упатени позитивни пофалби и коментари од присутната публика, многу поволни зборови беа искажани од организаторите на музичката ревија , претседателката Станка Трајкова и селекторот Томчо Стојков, за многу успешниот настап и врвно, скоро професионално прикажаниот фолклор.

Посебен впечаток остави оригиналната женска колоритна носија од нашиот охридски  крај , украсена со уникатен накит, невестински гердани, пафти и други украсни елементи.

 

 

 

 

ЗП Охрид и Дебрца, комисија за информирање