АктуелноОхрид

Охриѓанец со лажно одобрение за грдба рекламирал и продавал објекти кои не постојат

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и  лице на (43) од Охрид,
сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за
сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.

Во текот на 2024 и 2025
година, второпријавениот, свесно и со намера да прибави имотна корист, фалсификувал
и прикажувал лажно одобрение за градење од општина Охрид за надградба на станбена
зграда и се рекламирал преку свој профил на веб страна за продажба, каде што имал
огласи за продажба на станови за што земал пари од повеќе лица.