Времето во кое живееме, меѓу другото, налага голема сериозност и посветеност на активности за подигање на
свесноста и подготвеноста за делување во случај на несреќи, елементарни непогоди и кататастрофи, како на
институциите, така и на секој поединец во општеството.
Токму затоа, Црвен крст Охрид во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, а со цел
подигање на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај
на несреќи продолжува со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и
плановите за евакуација во образовните установи.
Во таа насока, утре, вторник, 05.05.2026 г. во ООУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид ќе се реализира показна
вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена несреќа, во која сооодветно ќе делуваат
и тимови од надлежните институции.
Вежбата ќе започне во 10:00 ч.
Утре показна вежба за евакуација во обазовните установи ќе се реализира во ООУ„Св. Климент Охридски“
Редакцијамај 4, 2026
posted on













