АктуелноОхрид

Пецаков: ​Трофејот можеби не дојде во Охрид овојпат, но вистинскиот победник се препознава по борбата

Главата горе, гордо и достоинствено! ⚪️🔵
​Трофејот можеби не дојде во Охрид овојпат, но вистинскиот победник се препознава по борбата. ГРК Охрид покажа дека не е само клуб – туку македонски ракометен бренд од светски ранг!
​Искрени честитки до играчите за секоја капка пот и несебичната борба до последната секунда, за стручниот штаб за визијата и стратегијата со која стоиме рамо до рамо со елитата и секако “Рибарите” и навивачите – вие сте душата на овој град и најдобриот „осми играч“!
​Ова е само почеток. Нашето место е на врвот, а патот до таму го газиме заедно.
​Напред, напред, Охридееее!