По повод Воскресението Христово Велигден и оваа година традиционално во НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи манифестацијата „Избор на највелигденско јајце“.
На настанот свој настап ќе имаат хорот „Калистрат Зографски“ и драмското студиот „Миладин“ а беседа за празникот ќе одржи Отец Стефан Санџакоски.
Оваа традиционална манифестација ќе започне на 18 април во сабота со отворена работилница од 12 – 14 часот, додека пак главниот настан ќе биде на 19 април во недела – Томина недела со почеток во 19 часот.












