Охрид повторно ја покажува хуманоста на дело, охриѓанецот Миле Бежовски се соочува со тешко заболување на десниот бубрег, со исклучително намалена функција и подложен на постојани инфекции поради што е неопходен оперативен зафат.
143-127 преку мрежата на T-Mobile е бројот на кој сите хумани луѓе можат да донираат за помош на охриѓанецот Миле Бежовски, кој се соочува со тешко заболување на десниот бубрег, со исклучително намалена функција и подложен на постојани инфекции поради што е неопходен оперативен зафат (деснострана нефректомија).
Операцијата е потребно да се изврши во најкраток можен рок во здравствена установа во Скопје и истата чини 364.760 денари, средства што не е во можност да ги обезбеди.
– За жал со мојата минимална плата не сум во состојба да ги подмирам трошоците за операцијата и затоа, соочен со тешка борба за својот живот ве замолувам да ми помогнете со финансиски средства, според Вашите можности, стои во апелот.
Средства може да се донираат и на трансакциска сметка отворена во Комерцијална банка 300 027000815 179 на име Миле Бежовски.











