АктуелноОхрид

Пронајдено починато лице во центарот на Охрид – ќе се утврдува причината за смртта

Во централното градско подрачје на Охрид денеска било пронајдено починато лице, информираат неофицијални извори.

На местото на настанот веднаш пристигнале полициски екипи кои го обезбедиле објектот и започнале увид со цел утврдување на околностите под кои настанала смртта.

Според првичните информации, врз телото на починатото лице не биле забележани видливи траги на насилство.

Сепак, надлежните институции најавуваат дека ќе биде извршена обдукција, со која треба да се утврди точната причина за смртта.

Од полицијата засега нема официјална потврда за идентитетот на лицето, ниту за дополнителни детали поврзани со случајот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.