Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од Воска и Далјан.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.











