ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед извршен на улица „Ѓуро Салај“ во Струга, полициските службеници од криминалистичката полиција кај него пронајдоа и одзедоа пакување со мешавина од амфетамин и метамфетамин.











