Празникот на свети Трифун достојно прославен во нашиот свет храм. Со житието на Светиот маченик Трифун, Црквата нè потсетува дека светоста не е одвоена од секојдневниот живот. Свети Трифун, маченик и сведок на живата вера, ни ја открива тајната на христијанското постоење: верност кон Христа, смирение во срцето и благослов во трудот. Како што лозата дава плод кога е негувана, така и човекот принесува духовен плод кога живее во заедница со Бога. Нека неговите молитви ја укрепат нашата вера и го осветат нашиот живот во Христа. Амин.
За следен кум се пријави Мишо Велјаноски нека свети Трифун му ги исполни сите молитви, да ја чува неговата фамилија и да се застапува за нив пред престолот на Бога.










