АктуелноОхрид

Скопјанец фатен како му дава марихуана на стружанец во Дебар

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против  лице на (19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

При извршени контроли на улицата „Дебарски Конгрес“ во Дебар,, полициски службеници од ОВР Дебар го затекнале пријавениот како на лице од Струга му дава марихуана, по што веднаш двајцата биле лишени од слобода.